Агенцијата за управување со одземен имот информира дека продала четири стана и една гаража на Сашо Мијалков, а со тоа во буџетот инкасирала 330.350 евра
-Со денешната објава за продажба на 4(четири) недвижности од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Г- дин Сашо Мијалков. Станува збор за три стана кои што се наоѓаат на ул.Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје, информираат од Агенцијата.
Во соопштението од Агенцијата се вели дека со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра.