Сообраќајната полиција на автопатот Белград-Ниш, кај Гроцка, сопрела возило марка „Фолксваген Голф“, кое 49-годишен државјанин на Северна Македонија го управувал по коловозната лента наменета за сообраќај на спротивната страна, јави дописникот на МИА од Белград.
– Полициски службеници на Управата на сообраќајната полиција, кои со пресретнувачи го контролираат сообраќајот, синоќа го запреле возилото на автопатот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Против државјанинот на Северна Македонија поднесена е прекршочна пријава, соопшти МВР на својот Инстаграм профил.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...