За сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” СВР Охрид му поднесе кривична пријава на Д.М.(44) од карбинското село Таринци. Како што соопшти охридската полиција, тој, на 20.10.2022 година, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој ширел говор на омраза.
Според Кривичниот законик, за делото е предвидена казна затвор од една до пет години, а потешка казна од една до десет години.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...