Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, денеска (19.10) во близина на селотоСуводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б.(53) од Штип, поради основи на сомнение дека извршил тешки кражби во црквата Св.Димитрија во с.Требино и црквата Св.Пречиста во с.Русјаци, Македонски Брод.
-За Т.Б. била распишана и централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби. Тој во целост ги признал кривичните дела и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а спроведен е во КПУ Затвор Струмица, информираат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...