Жена од селото Вруток вчера е уапсена. Таа била избегана од затвор каде требало да лежи две години, а полицијата ја уапси по жалба од дедо кого среде улица го истепала и му ги земала парите.
-На 21.09.2023 околу 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток. Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи. Инаку, М.И. била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок, информираат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)