Виновниците треба да се именуваат за да се отфрли колективната вина. Тоа ја руши довербата пациент-лекар. Стручниот колегиум најостро ги осудува секое несовесно и нестручно работење и не го генерализирајте проблемот врз целиот медизински тим, рече д-р Вилета Клисаровска, организационен директор на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
На средбата со новинарите таа рече:
-Ви тврдам дека од ноември 2022 година стручниот колегиум работи високо професионално. Јас во Клиниката сум одамна, секако дека сме имале сомнежи, но никого не сме можела да осудиме. Од првиот ден почнав будно да ја следам ситуацијата и патеката на лекот, што подразбира од влез во клиниката до раздолжување по пациоентот, безбедноста е на високо ниво. Во фебруари медицинското лице повторно се дрзна да краде, но со доказ беше отстранета и повеќе не стапна. на 6 март таа доби писмен допис за отстранување од работно место, а заради административните работи на 23 мај и беше испратено отказното решение од работа. Значи сестрата повторно се обиде да краде и беше отстранета, рече д-р Клисаровска и ги упати новинарите на претходните одговорни лица да прашаат зошто и се простувала кражбата и зошто толку шанси и се дале.
На новинарското прашање кои се сомнежите за крадење на терапија таа рече:
-За периодот во кој не сум била во организацискиот дел немав допир со точни информации, зборувам само како дел од стручниот тим. Кај мене нема втора шанса и затоа делував. Во тој момент не беше украден скап лек, но за мене е исто дали ќе украдат физиолошки раствор или скап лек.