Падна мрежата на Телеком, па затоа од утрово нивните корисници имаа неколкучасовен проблем со линиите и интернет низ целата држава.
Проблемот од Телеком го потврдија на нивната страна на Фејсбук.
-Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите, информираа од компанијата.