Казна од 120.000 евра доби 76-годишен жител на Родос, Грција затоа што оставил четири мачиња во картонска кутија.
Настанот се случил на Родос на крајот на април 2023 година и покрај кривичната против 76-годишникот, со која ќе одговара пред суд, тој е казнет и по 30.000 евра за секое маче, па вкупно 120.000 како што е предвидено со сегашната законска регулатива, која е доста строга.
Во овој случај, според она што стана познато, 76-годишникот, наводно, на 26 април 2023 година ги оставил четирите мачиња во кутија во близина на неговата куќа.
Животните биле во лоша состојба и поради тоа против него е покрената кривична постапка за злоупотреба на животни.
Извор: voria.gr
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...