Нов голем предизвик за најдобрите фудбалери на Македонија во квалификациите за Еуро 2024.
Црвено жолтите вечерва на легендарниот Олд Трафорд во Манчестер му гостуваат на европскиот вицешампион Англија.
За предводникот на македонскиот национален тим Боби Милевски ова е меч кој еден фудбалер може само да го посакува, меч кој се игра еднаш во кариерата.
Капитенот Стефан Ристовски пак смета дека Македонија знае да направи чудо токму против најсилните ривали.
Дуелот во Манчестер во рамките на 3 коло од групата Ц стартува во 20 часот и 45 минути.
На нашите најдобри фудбалери на дуелот на Олд Трафорд им посакуваме среќа и да успеат да направат уште едно изненадување и да го повторат резулатот од 2006 година кога во дуелот со големиот фаворит на истиот терен останавме непоразени играјќи 0-0.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва ќе се обидат да ја продолжат традицијата и да останат непоразени и во третиот натпревар на гостински терен против Англија.
Во 2002 година, македонската репрезентација, предводена од тогашниот селектор Никола Илиевски, одигра 2-2 во Саутемптон, а четири години подоцна, под водство на Среќко Катанец, „црвено – жолтите“ ремизираа без голови во Манчестер.