Албанската Влада го разреши градоначалникот на Кукс, Сафет Ѓици по објавувањето на скандалозното видео со интимни моменти со девојка во неговиот кабинет.
– Владата донесе одлука за итно разрешување на градоначалникот на Кукс. До распишување на предвремени избори, Владата деновиве ќе назначи вршител на должноста, изјави министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај.
Таквата одлука доаѓа по објавувањето на видеото на социјалните мрежи и медиумите по што реагираше и самиот Ѓици, кој објави дека поднел оставка и дека подолго време бил во интимна врска со наведената девојка. При тоа му даде политички премиси велејќи дека е „жртва на стапица од политичките противници“ но, сепак, додаде, дека е негов непромислен чин.
Ѓици потврдува дека извесно време е во интимна врска со девојката од видеото, иако всушност тој се’ уште е во брак, има четири деца, па дури и станал дедо.
Во меѓувреме и Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, (СПАК) започна истрага против Ѓици, бидејќи „делото се случило во службени простории“. Доколку девојката е вработена во општината, според албанските закони, не е исклучено сега веќе еск- градоначалникот да одговара за злоупотреба на службената положба.
На локалните избори, како кандидат на владејачките социјалисти, Сафет Ѓици (51) беше реизбран за градоначалник на Кукс со 11.632 гласа наспроти неговиот против кандидат Адмир Синамати од опозициската изборна коалиција „Победуваме заедно“, кој освои 9.592 гласа.
МИА/агенции
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460