Двете поранешни претседателки на Судскиот совет влегоа во обвинувања која што криела во текот на раководењето и членувањето во највисокото судско тело – Судскиот совет. Се расправање за одговорност на Весна Дамева дека учествувала во постапки при одлучување на одговорност за судии, каде странка бил нејзиниот сопруг, а пријавила дури неодамна.
Дамава обвини дека се води хајка против неа, на што поранешната претседателка Павлина Црвенковска и’ одговори дека кога станувала член на едно вакво тело, кое ја проверува работата на судиите требало да си „провери по дома дали евентуално има некои предмети каде може да настане судир на интереси. На ова Дамева одговори дека со сопругот дома не зборуваат за работа.
-Некој кога станува член на Судски совет, ја знае основната надлежност на советот – следење на работата на судиите и нивно оценување. Не станува член на Управен одбор на карате сојуз па да следи работа на каратисти – како се одвива нивната кариера или како си ја вршат нивната работа. Секој од нас кога станува Судски совет имал обврска да си праша по дома дали евентуално има некои предмети каде може да настане судир на интереси. Како член на Судски совет овде се одлучувало по барање за утврдување одговорност. Се следела работата на најголемиот суд во државата, Кривичен суд. Нејзина обврска била да праша каде евентуално нејзиниот сопруг има предмети и друг член на семејството, деца, за да може да се изземе и да не се доведе во прашање нејзината работа“, изјави Црвенковска на седницата на Судскиот совет.
На ова Дамева врати дека Црвенковска има непријавен имот. Како што рече, ако Црвенковска знаела за евентуален конфликт на интерес, требало да пријави.
-Очекувам поранешен претседател да извести за работи кои лично и’ се познати и законски да постапи. Не само со препорака „да си праша дома“ и да се држи согласно законот и членот 34 во смисла на тоа дека знаеме дека имала обврска да се произнесе со изјава за имотна состојба. Многу боли кога нападите се насочени кон мене. Јавноста добро знае кога молчел член на Советот. Колешката е многу вознемирена. Известив во моментот кога дознав. Но, доколку таа знаела, требало таа да извести дека прикривам факти. Ова повторно е потврда дека има хајка против мене, рече Дамева.
Дуелот меѓу двете поранешни претседателки на Судскиот совет го прекина нивен колега, кој препорача: „ Да ги извадиме работите од фиока“.