Во текот на изминатите три децении, авиокомпанијата Ryanair Holdings, го изгради својот бизнис модел на ниски цени по цена на автобуски билет. Додека патниците се враќаат во своите авиони по пандемијата, ирскиот авиопревозник има порака до своите клиенти: Деновите на ултра ниски цени завршија.
Коментирајќи по објавувањето на финансиските резултати, главниот финансиски директор Нил Сохаран рече дека клиентите се подготвени да платат повеќе, бидејќи резервациите се зголемуваат во летната сезона. Тоа значи дека она што претходно беше стандардниот билет од 9,99 евра, сега може да чини двојно повеќе, истакна тој.
„Деновите на 9.99 веројатно се зад нас, барем за некое време“, рече Сохаран во интервју за телевизијата Блумберг.
Цените на билетите низ индустријата се зголемија, делумно поради големата побарувачка за летни одмори, но и поради недостигот на авиони додека авиокомпаниите прават нарачки за нови модели. Ривалот на Ryanair, EasyJet Plc ја зголеми својата прогноза за профит.
Нискобуџетната компанија, со седиште во Даблин, објави добивка по оданочување од 1,43 милијарди евра за финансиската година што заврши на 31 март, во споредба со загубата од 355 милиони евра една година порано. Покрај тоа, Ryanair очекува неговата сметка за гориво да биде 1 милијарда евра повисока во тековната финансиска година, со прогноза дека повисоките приходи ќе го надоместат тој скок на цената на горивата.
„Мислиме дека ќе оствариме доволно профит, врз основа на она што го гледаме, за да ги покриеме трошоците за гориво и потоа малку и ќе ги зголемиме“, рече Сорахан за Блумберг.
Ryanair овој месец, нарача 300 авиони Боинг 737 Макс бидејќи со цел да освои 30% од европскиот пазар до 2034 година.
moneyreview.gr