Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер.
Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза.
СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како група од „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)