Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Кој производ ќе биде со замрзната цена ќе зависи од анализите што се прават во Миниустерството за економија. Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука, рече Ковачески.
Дел од новинарското прашање за Ковачевски содржеше и констатација дека и првиот човек на Северна Кореја исто така бил во обиколка на продавниците да ги види цените, на што премиерот регираше и рече прашањето не е на место и дека доколку новинарот е во Северна Кореја нема да може ни прашање да постави.
-Сметам дека воопшто не ви е на место констатацијата дека во однос на тоа дека претседател на Влада оди да провери какви се цените на производите кои што се со одлука замрзнати од страна на Владата и навистина нема да одговарам на вашата констатација бидејќи да сте во Северна Кореја вие нема да можете ни прашање да поставите, рече Ковачевски.
Од 28 февруари е замрзната цената на белиот и полубелиот леб, од 16 март на дел од тестенините и млечните производи, а од вчера и на оризот и на јацата. Министерството за земјоделство веќе подготви анализа и за цените на овошјето и зеленчукот, а одлуката ќе ја носи Министерството за економија согласно со Законот за трговија.