Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија вечерва во 2 часот и 43 минути, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот е регистриран на длабочина од пет километри, а епицентарот бил на 95 километри од градот Елбасан.
Се уште не е пријавена штета.
Во текот на ноќта Албанија потоа беше погодена од уште три земјотреси со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...