По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица.
-Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за ковид-19 со исклучок на јавните и приватните здравствени структури и центрите за нега на стари лица, изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.
Додаде дека сепак потребно е да се заштитат ранливите категории и „затоа се препорачува да се преземат мерки за индивидуална заштита, вакцинација и антивирусен третман за заразените“.
Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)