Мејл со закани за поставена бомба изутрината на првиот час стигнале во десетина скопски училишта. Во тек е евакуација на училиштата, а полицијата е на терен.
Продолжува секојдневното тероризирање на учениците и нивните родители со заканите за поставени бомби. Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби беа испратени до дури 120 училишта.
Сите аларми до сега беа лажни.
Министерството за внатрешни работи секојдневно излегува со идентични соопштенија како вчерашното:
МВР ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.