Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по состанокот на Централното претседателство информираше дека партијата ќе биде дел од Владата.
Тие досега воделе преговори со премиерот Димитар Ковачевски, при што е договорено да имаат три министерски места и двајца заменици министри. До одлуката на АА дојде и по извршеното внатрепартиско референдумско изјаснување на членовите по електронски пат кои го одобриле учеството на партијата во извршната власт.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BF%D0%BB_wcRJN/vyXnRy4zP/large.webp?use_watermark=0)
-Добивме фит бек од повеќето членови на АА дека добро е Алијанса да биде дел од Владата. Исто така повеќето членови на Централното претседателство донесоа одлука со пакетот што го презентиравме АА да биде дел од Владата и тоа со два заменици министри за одбрана и за земјоделство и три министерстерски места – правда и здравство се сигурно и третото министерство ќе биде или Министерството за информатичко општество или заменик-премиер за економски прашања. Ова се одлуките, а за кадровските решенија ќе продолжи состанокот на Централното претседателство, изјави Таравари.
Тој рече и дека во текот на утрешниот ден продолжуваат преговорите со премиерот Димитар Ковачевски околу кадровските решенија.
-Најверојатно утре ќе имаме состанок со Ковачевски по што веќе синхронизираните програми ќе ги потпишеме и можеби утре ќе се дадат имињата за можни идни министри и заменици министри. Има и директорски места меѓутоа јас не би влегол во таква дискусија сега. Прво да се избере Владата после тоа ќе ги назначиме нашите директори. Во периодот што е пред нас ќе се знаат и кои се институциите со коишто ќе раководи АА. Нашата мисија оваа година е да ја направиме разликата во раководење со одредни институциии и се надевам да се постигне целта на нашата мисија, истакна Таравари на прес-конференцијата по состанокот на Централното претседателство.
Партискиот лидер рече дека не знае точно кога би можело да има избор на нова Влада и дека тоа ќе биде согласно процедурите.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)