По се изгледа момците од „Браво Бенд“ решија да „пукаат“ на високо…
Пред неколку дена тие беа во српската престолнина каде ја започнаа соработката со познатиот фронтмен на групата „Тропико“, Александар Цветковиќ – Сале.
Oвојпат решија сериозно да поработат на нивна авторска музика и по тој повод ќе соработуваат со познати српски автори.
Тие веќе ја снимија нивната прва песна на српски јазик, на која музиката ја потпишува Сале од „Тропико“, додека пак текстот го напиша познатиот Драган Брајовиќ – Браја.
„Презадоволни сме, конечно го добивме тоа што го замислувавме и ние во нашите глави. Нема да биде една песна со овие автори, договоривме подолгорочна соработка. Наскоро ќе го видите „Браво бенд“ во едно поинакво издание, со многу нова музика. Деновиве се подготвуваме и за снимање на спотот за новата песна и искрени да бидеме едвај чекаме да слушне и види публиката што сме подготвиле“ – велат момците од бендот.
Тие открија и како течела соработката со Сале, за кого имаат само пофални зборови.
„Сале е феноменален човек, а потоа и одличен музичар. Иако не го познававме предходно, доволни ни беа само 10 минути со него за да ни се спојат енергиите и да се чуствуваме како да го познаваме 10 години“ – дополни тапанарот Дени од бендот.
До тогаш нив можете да ги слушнете и видите на нивните настапи, ширум нашата земја…