Млада жена од Велико Трново, Бугарија се обидела да се самоубие во живо на популарната платформа ТикТок.
Во живо покажала како пие големо количество апчиња и алкохол и тврди дека ќе скокне од осми кат. Во еден момент жената исчезнала од преносот во живо и девојка од Варна се јавила на телефонот за помош 112 да пријави, пренесува бугарскиот медиум „Борба“.
Се се случило во неделата навечер во домот на жената. На повикот веднаш реагирала екипа на Центарот за итна помош и полиција.
Причината за обидот за самоубиство е љубовна мака како резултат на измама. Жената го запознала мажот на Интернет и добила ветувања за среќна врска. Но, се испоставило дека човекот бил измамник, и побарал 2500 лева, бидејќи бил во тешка состојба, а за возврат требало да испрати пакет со прстен, фустан и други подароци. Времето поминало, но пораката од виртуелниот пријател не стасала.
Жената ја сподели својата приказна со нејзините речиси 3.700 следбеници на ТикТок. Благодарение на нив сфатила дека станала жртва на измамничка шема, па не можела да ја поднесе реалноста и посегнала по животот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)