Во гостување во емисијата „Разбуди се“ бугарскиот пратеник од „Продолжуваме со промените“ и екс министер за иновации, Даниел Лорер вели дека претепувањето на Пендиков, се политизира и се игнорираат неколку важни факти, а тоа е дека натепаниот не е бугарски граѓанин, туку тој што го тепал.
-Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Бугарија треба да ги заштитува, пред се, своите граѓани. Тој е македонски граѓанин, кој сега се опишува со бугарска самосвест. Еден од тие што го тепале за сметка на тоа е бугарски граѓанин. Се поставува прашањето зошто да не зборуваме за него? Бидејќи тој има бугарско државјанство, што правиме за неговата контрола? Треба да дадеме време на македонските институции да видат дали е престап поради нетрпение или не, вели Лорер.
Погледнете во видеото од 15.45 минута:
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)