Вчерашниот трагичен настан во село крај Лозница, во Србија покажува колку силна може да биде братската љубов, дека срцето буквално застанува од тага.
Во ист ден починаа двајца браќа, Милан (47) и Милисав (49) Максимовиќ, првиот во Словенија, а вториот во Србија, откако дознал што се случило.
Помладиот брат кој бил глувонем бил на фудбалски турнир во Словенија, а потоа стигнала веста дека таму ненадејно починал.
– Милан беше многу добар фудбалер, колку што знам беше член на ФК Слога од нашето село за која повремено играше, патем за него знае цела поранешна Југа. Беше член на глувонемата репрезентација и многу успешно го носеше националниот дрес. Како што слушнав, тој вчера го одиграл тој несреќен турнир кога му се слошило за време на натпреварот и изгледа дека срцето е во прашање. За жал, немало спас за него, а од жал за брат му, за околу еден час по страшната вест од Словенија, почина и другиот брат – вели жител на селото Липнички Шор, каде сите се потресени од лошата судбина на семејството Максимовиќ.
Кога ова го јавиле на семејство и на Милисав, тој бил страшно погоден од ваквата трагична вест.
– Велат дека се обидувал да ја утеши нивната мајка, а потоа во еден момент ја напуштил куќата. Набргу потоа го нашле мртов во дворот. Претпоставувам дека неговото срце не можело да издржи, не можел да го прежали брат му. Сето ова се случило за околу еден час по страшната вест од Словенија – вели соговорниот на српскиот портал Курир.рс.
Велат дека браќата биле добри и вредни луѓе. Релативно рано го загубиле татко си, па се бореле низ животот и биле многу приврзани. Станува збор за многу едноставно, питомо семејство, а двајцата се секогаш подготвени да помогнат на кого можат, велат нивните соседи и пријатели кои биле затечени од големата трагедија.
Ги оставија сопругите, мајката и петте деца, Милисав има три, а Милан две.
Мештаните не знаат кога ќе биде погребот, но претпоставуваат дека браќата заедно ќе бидат испратени на вечното почивалиште. Денес на социјалните мрежи се појавил апел да му се помогне на семејството околу трошоците за транспорт на телото на Милан од Словенија до Липнички брег.
Извори фото: Курир.рс