Утре со почеток од шест часот ќе биде блокиран булеварот „Илинденска“ и тоа од семафорите кај Влада до крстосницата пред ГОБ „8 Септември“.
Ќе се блокираат само десните ленти со 200 автобуси, а возачите ќе бидат пред портите на Греад Скопје.
-Поради одржување на „Златно славејче“ се договоривме да се блокира улицата пред Градско собрание. Ќе има 200 автобуси, за да види Арсовбска и да знаат граѓаните дека некој ги манипулира. Да не лаже дека нема проблем, дека градскиот превоз е покриен. Затоа утре од шест делумно ќе биде блокирана од автобуси на „Слобода превоз“ и „Макекспре. До кога не знаеме, дали ќе продолжат преку викендот или не, а понеделник секако ќе продолжат. САко никој не сака да разговара за проблемот, ако Арсовска го повторува постојано јавниот интерес и ако се грижи навистина, треба да седне со нас. Ако не сака таа нека одбере некој за да изнајдеме соодветно решение. Нека го стави системот да функционира, па потоа нека прави експерименти, рече Јовановски на прес коференцијата и додаде:
-Можеби протестите ќе прекинат во некое време, но ако нема резултат, ако некој спроведува лични агенди, тогаш овие автобуси во понеделник целосно ке ги блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и Илинденска. Најава од превозниците е и дека можеби уште повеќе ке се радикализираат на поширок план. Нервозата расте, загрижени се за се она што се случува. Состојбата е многу напната. Ги замолувам сите институции да се вклучат за да не ескалира ситуацијата. Утре додека траат протестите превозниците ќе бидеат пред портите на Град Скопје, рече тој.
Кога ќе заврши се, Јовановски праша:
-Кој ќе ја сноси одговорноста и кој ќе ја плати штетата? Арсовска ќе си замине и нема да биде оштетен нејзиниот џеб.
–