(Вознемирувачко видео) „Убија куче со снајпер во приватен двор, куршумот заврши во куќата“ - Кичевчанка поминала голгота поради нефункционирање на институциите
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/22 11:06 AM

(Вознемирувачко видео) „Убија куче со снајпер во приватен двор, куршумот заврши во куќата“ – Кичевчанка поминала голгота поради нефункционирање на институциите

Семра Мендар од Кичево на својот Фејсбук профил сподели една громорозна случка во Кичево, во која уште еднаш се потврдува неефикасноста на државните институции.

Таа вели дека вчера во Кичево со снајпер е убиено улично куче, но страшно е и тоа што како што вели, пријавиле во полиција, но полицајците само направиле слики од мртвото куче пред нивната врата, се јавиле на обвинителка, која им се изнасмеала, а кога се јавиле во кичевското комунално претпријатие за да го земе кучето, тие рекле дека немаат служба што работи во недела. Најстрашно од се’, како што вели Мендар, е тоа што доколку кучето е убиено со снајпер, како што се посомневале полицајците, ништо не е превземено за безбедноста на луѓето, пред чиј дом е убиено кучето.

Во својот статус Мендар додава дека вчера во 16 часот е пукано во мирно улично куче во нивниот приватен двор, пред самата влезна врата.

„Кучето на сликата е преместено и крвта е исчистена, мокриот дел од сликите беше крв, вели таа и ја објаснува серозноста на случката и нефинкционалноста на државните институции.

– Е сега, ајде малку да ја анализираме целата ситуација зошто овој немил настан, за жал, носи со себе многу вистина за некомпетентноста на службите, злобата на народот, немилосрдната судбина на уличните кучиња и опасноста на која секој граѓанин е изложен, напиша Мендар и понатаму до детаљ ја објасни ситуацијата:

„Околу 16 часот додека бевме во дневната соба со гости слушнавме прво удар во куќата, а потоа звук што звучеше како петарда, кога под прозорец се слушнаа кучиња. Излеговме пред врата и го видовме кучето дека е повредено, крвареше премногу, пробавме да му помогнеме но за жал за само неколку минути кучето искрвари до смрт и почина. Веднаш пријавив во полиција, полицајците дојдоа и повикаа инспектори, кои требаше да направат увид на целата ситуација. Поминаа околу 40 минути и дојдоа инспекторите, кои само сликаа и се јавуваа на некоја си обвинителка на која настанот и беше смешен и го третираше како „голема работа, куче е во прашање “.

Инспекторите сликаа неколку слики и си заминаа, оставајќи го кучето пред врата умрено. Самите инспектори си претпоставија дека сторителот нема да се пронајде без притоа да се потрудат да направат нешто за да биде исходот поинаков. Ни беше кажано дека тие немаат понатамошно овластување и дека треба од Комуналец да дојдат да го отстранат кучето од пред врата. Ни ветија дека тие лично ќе одат и ќе им ја објаснат случката и дека кучето ќе биде тргнато од пред врата, но тоа не се случи.

Најзагрижувачки е што полицајците сметаа дека најверојатно за да се пука во кучето е употребен снајпер. И иако се сомневаа дека постои можност некој да пукал со снајпер околу нашата куќа не понудија никаква мерка за наша безбедност, а да не зборуваме колку им е гајле па тек за кучињата. Никој од Комуналец не се појави, мораше сами да отидеме и да го пријавиме случајот и кога отидовме таму ни беше кажано дека ниеден инспектор не пријавил вакво нешто и дека немаат служба што работи во недела и дека кучето мора да преноќи пред нашата врата мртво, вели Мендар и се прашува:

„Како нешто толку едноставно како што е отворање на стационар и згрижување на уличните кучиња стигна до степен каде што човек може да биде убиен во својот дом од залутан куршум?  Што ако надвор имаше некое дете и си играше со кучето? Дали тоа би бил прв случај каде што дете губи живот во слични околности?  Колку казни се плаќаат на годишно ниво на граѓани кои се нападнати од куче во Кичево? Дали таа сума не може да се искористи за трајно решавање на проблемот? Кој беше тој бездушен човек што денеска ни го приреди ова грозоморно случување и уште колку има како него што знаејќи го нашиот систем можат да си дозволат ова да го прават одново и одново?!
Како инспекторите им кажаа на две млади девојки дека некој пукал со снајпер и ги оставија без никаква заштита и грижа за нив? Каква одговорност има таа обвинителка, на која настанот и беше смешен?  Како може Комуналец да нема дежурна служба?  И до кога вака, прашува Мендар и објаснува дека во моментот имала гости од странство и дека „баш убаво сеќавање им остави нашата ни државичка“.

По ова и таа размислува како и многу млади, па вели:

-А сакав да си поседам во  Кичево уште некој ден, но сега го фаќам првиот лет, заминувам и нема да погледнам назад како и сите други млади луѓе кои решија да се отселат. Ама едно нешто ќе си земам со себе, тоа е мирисот на мртвото куче и мирисот на  неодговорност на сите „надлежни”, вели на крајот Мендар во својот Фејсбук статус.

Денеска Мендар за ММС рече дека утрово во седум часот и’ се јавиле од Комуналец за да го земат кучето, но вчера, по голготата која ја поминале, сами се организирале со соседи и роднини и го тргнале мртвото куче од пред врата.

-Го однесоа, го закопаа некаде, не сакам да знам каде, многу ми е тажно. И страшно. Полицајците беа пристојни, но инспекторите кога дојдоа да направат увид, да видат куршумот каков е, беа за срамота, не им се ни слушаше што им раскажував, како се’ се случило. Ако е убиено со снајпер не е ниту смешно, ниту наивно. Ме излажаа и дека ќе се јават на Комуналец, ние чекавме, па пак им се јавив и пак ме излажаа дека ќе се јават, но кога ние сами појдовме тие ни рекоа дека никој не им се јавил. И од Комуналец наводно бараа некој приватно да дојде да го земе кучето, а ние да му платиме, но никој не дојде.  Најстрашно е што е пукано дирекно на нашата куќа, а ништо не превземаа. Куршумот завршил во нашата куќа, што не е мала работа. Им кажавме на инспекторите дека татко ми е починат, мајка ми не е тука и со сестра ми бевме сами. Пред 10-тина минути јас со моето куче бев надвор, куршумот можел и кај мене да заврши. Страшна е и рекацијата на обвинителката, на која кога и’ се јавија, јас иако неа не ја слушав, го слушав инспекторот, кој велеше „знам знам обвинителке, куче е“, па можам да претпоставам што велелеа. Ништо не направија ниту за кучето ниту за нас, додава таа.

Според неа срамот да биде поголем таа имала гости од Словачка, на кои пред да дојдат во Македонија им кажале дека многу се пукало кај нас, не само по свадби, туку и онака,  дека има оружје кај луѓето. И како за беља се увериле во тоа.

-Како си седевме дома, се распаметивме кога го слушнавме куршумот. Не знам што следно треба да се направи, но не планирам да замолчам на ова. Пак ке одам денес во полиција. Знам дека не се замараат со кучиња, ама да биде пукано со снајпер во куќа на две девојки и да ги оставиш така е страшно. Ако е пукано со снајпер како можат да не остават така. Ај полицајците, ама од односот на инспекторите сум шокирана, они дојдоа колку да дојдат. Ради реда. А рекоа и дека тешко е да се најде сторителот. Ниту пак, го побараа куршумот кај завршил. Ништо не преземаа. А ни рекоа дека куршумот не е останот во кучето. Оваа случка навистина нема да ја заборавам, додава разочарано.

Таа подготвува документи за да замине од државаа. Оваа случка, вели таа, уште еднаш и’ покажала дека треба што побрзо да си замине.

-Не, не после ова само подалеку, вели таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7