(Видео) Лажна пита готова за 14 минути, не се пече во рерна
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/22 5:47 PM

(Видео) Лажна пита готова за 14 минути, не се пече во рерна

Пита е многу лесно да се направи, особено ако го знаете овој рецепт. Нема потреба од од домашни кори и рерна. Се се прави во тава и оваа пиута, која ја нарекуваат лажна е многу вкусна.

Освен тоа оваа лажна пита се пече во тава само 14 минути. Сè што треба да направите е да ги соедините состојките, па со тој фил преливајте ги корите. Никогаш полесна и побрза подготовка.

Состојки:
300 гр кори за пита
400 гр фета сирење
3 јајца
250 гр јогурт
250 мл кисела вода
50 мл масло
50 гр путер
1 лажица брашно
1 лажица прашок за пециво
магдонос
Подготовка:
Јајцата се матат со јогуртот, растопениот путер, маслото, киселата вода и просеаното брашно со прашокот за пециво. Во друг сад изгмечете го сирењето, додадете го сечканиот магдонос, како и смесата со јајцата. Сè добро соединете. Намачкајте ја тавата со масло, па ставете две кори, за да излезат од тавата, а одозгора наредете ги корите што сте ги изгужвале. Истурете го филот, па покривајте со кори. Питата се пече по 7 минути од секоја страна.

Погледнете го процесот:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7