Секаде се атракција: Баба (92) и нејзиниот внук седум години одат на заеднички патувања
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/22 7:07 PM

Секаде се атракција: Баба (92) и нејзиниот внук седум години одат на заеднички патувања

Дека годините се само бројка докажува една баба од Охајо.

Нејиното име е Џој Рајан (92) и нејзиниот датум на раѓање не бил пречка за таа да ги посети повеќето американски национални кампови. Сѐ почнало кога пред седум години, нејзиниот внук Бред почнал да ѝ раскажува детали од неговите патувања на кои одел како ветеринар.

„Моите баба и дедо секоја година одеа на езерото во централниот дел на Флорида. Баба ми никогаш немаше видено ниту море, ниту океан. Никогаш не видела планина, или пак некоја друга природна атракција во САД. Мислев дека е доцна со нејзините 85 години да ја однесам и да ѝ покажам сѐ, но погрешив“, ја започнува Бред приказната за нивните неверојатни заеднички патувања.

Бред пораснал во истиот мал град како и неговата баба и не можел да патува сѐ до завршувањето на факултетот. Потоа како ветеринар за диви животни во зоолошката градина во Вашингтон, му било овозможено да види една поширока слика надвор од Охајо.

„Баба ми ми призна дека се воодушевува од моите приказни за планинските врвови. Таа никогаш не видела планина, освен на телевизија. Ми призна дека отсекогаш мечтаела да отиде на планинарење и на кампување. Таа беше вдовица цели 20 години, работеше за минимална плата и не можеше да си дозволи патувања“, објаснува Бред.

Тој додал дека една трагедија во неговиот живот го натерала во патувањата со баба си да најде психички мир.

„Мој добар пријател од факултет изврши самоубиство. Дојдов дома и одлучив да поминам некое време со семејството. Иако не знаев дали таа ќе може, ја зедов баба ми на тридневно патување во еден национален парк. На почетокот беше чудно тоа што маж од триесетина години патува со неговата баба на 85-годишна возраст. Секаде бевме атракција“, се сеќава тој на нивното прво патување во 2015 година.

Бред посочува дека баба му била воодушевена од она што го видела, па сакале да продолжат со патувањата. Сепак, тие немале доволно пари за тоа па Бред добил идеја да дојде до средства по пат на интернет. Набргу собрале доволно пари за да посетат дури 21 национален парк.

„За три ипол години поминавме 28 земји, тоа е многу импресивно“, додава Бред.

Патувањето било толку успешно, што бабата и внукот одлучиле да го посетат секој национален парк на листата. Бред досега ги има документирано нивните патувања на социјалните мрежи, за да може да бидат во тек луѓето кои го следат. Со своите фотогорафии, тој ги инспирира и останатите да ги видат постарите во едно поинакво светло.

„Секогаш се трудев да бидам позитивна, така што не беше на одмет да пробам нешто за првпат. Имајте предвид дека постарите луѓе не треба да ги дефинирате според годините и важно е да ги вкучите во своите планови ако тоа е изводливо“, изјавила бабата Џој.

Пандемијата со коронавирусот малку ги одложила нивните планови, па бабата и внукот посетиле осум национални паркови ланското лето. Баба Џој сега има 92 години, а во текот на изминатите години не само што била на планинарење, туку наишла на диви животни.

 

Извор:srecna.republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7