ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/14/22 3:52 PM

Какви пораки ни испраќа нередот: Пренатрупаноста во домот укажува на психолошки проблеми

Што ми порачува нередот? Еве на кои психолопки проблеми укажуваат натрупаниот подрум, дневниот престој, неуредната спална соба…

Неуредниот дом може да укажува на одредени психолошки проблеми, а местото на нередот е исто така многу значајно.

Многу луѓе се борат со нередот во своите домови и не сфаќаат колку тоа влиаје на нивната психичка состојба. Студиите покажуваат дека луѓето со пренатрупани домови обично имаат поголем степен на хормонот на стрес познат како кортизол. Во таквите домови човек тешко може да опушти. Едноставно кажано, физичкиот неред може да доведе и до неред во вашиот ум. Може да го отежне фокусирањето на една работа, бидејќи вашиот моок е растегнат во толку различни насоки. Тоа дури може да влиаје на квалитетот на вашиот сон.

Исто така, луѓето кои постојано живеат во состојба на хаос, опкружени со неред, се склони кон одоговлекување и неможност да се посветат на работата или на врските. Стануваат вознемирени и обично се откажуваат пред да почнат со некоја работа, задача, проект, однос… нивните финансии и време се изгубени, тие се чувствуваат заглавено.

Психологот Ноах Маковски, трвди дека местото на нередот е доста значајно.

„Начинот на кој го перцепирате својот неред е начин на кој се перцепирате себе си и своите односи“- вели тој, додавајќи дека местото на кое вообичаено има неред во нашиот дом е поврзано со нашите емоционални состојби. Пример, ако имате многу работи на таванот или во подрумот, според Манковски, тоа може да укажува на неможноста за отуштање на минатото. Имено некои луѓе ги претвараат физичките предмети во  волшебни амајлии кои ги поврзуваат со спомените и подобрите времиња во нивните животи.

Пренатрупаната бања може да ви открие проблем со сликата на телото, бидејќи тоа е место каде најверојатно ќе стоиме голи пред огледало. Нередот во дневната соба може да укажува на блокади во вашиот општествен живот, како и на вашиот однос со самите себе, додека пренатрупаната спална соба може да се однесува на проблеми во сексот, стравови од интимност или полови улоги.

Претрупаниот фрижидер, тврди психологот, може да се пронајде во домовите на луѓето кои пораснале во сиромаштија, а премногу облека во орамарот е на некој кој како дете секогаш носело туѓа облека, од постарите браќа или сестри и роднини.

„Кога ќе го затрупате просторот со предмети , не можете јасно да го видите своето опкружување, што всушнпст ви овозможува да се носите со тоа, а тоа е начин за да се носите“- тврди психолог.

Од друга страна пак е друга крајност, а тоа е преголема хигиена и страв од неред, кои исто така може да се сметаат како вид на опсесивно-компулсивно пореметување. Запаметете, со исфрлувањето на непотребните предмети од домот, неговото уредување, животот во чист и слободен простор, всушност си помагате на себе да се решите од негативните мисли. Уредувањето одвнатре може да зависи од уредувањето однадвор, како и спротивно. Затоа не треба да заборавате редовно да се псоветите и на едното и на другото.

 

Извор: sensa.story.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7