ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/15/21 7:31 PM

Сообраќајка на патот Струмица-Валандово, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајна незгода што се случила во 17:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово е во прекин, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ потсетуваат дека од денеска почнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1