ММС

Објавено на: 05/11/21 7:29 PM

Која е штипската Миа Калифа и зошто толку многу ја озборуваат?

„Штипјанка е таа што кажува дека е Миа Калифа“, е најчестиот коментар со потсмев за Моника Станојкова, која ја споредуваат со порно актерката. Моника е позната по своите видеа на ТикТок, каде пее, игра, но и прави финти. Сето тоа е пропратено со сочни коментари, некои со поддршка, а некои не се за читање, бидејќи, како што вели таа за ММС, нека прават што сакаат, секоја антиреклама е всушност реклама.

-Да штипјанка сум, работам во осигурителна компанија и за лошите коментари едноставно не се објаснувам, не ме интересираат. Го правам тоа што го сакам, имам цел во животот. А коментарите, сето тоа што им пречи на луѓето, мене не ме интересира. Тие што коментираат лошо  сакаат да го живеат мојот живот, но не можат и затоа полесно им е да ме озборуваат. Затоа не им обврнувам внимание на нив. Да им обрнував внимание, да ми беше битно што зборуваат за овие две години, додека снимам видеа ќе престанев. Затоа воопшто не ме интересираат. Ова е мој живот, јас никого не загрозувам со ова што го правам, вели Моника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Stanojkova (@stanojkovastar)

Таа за ММС вели дека нема посебна причина како го добила прекарот на порно актерката Миа Калифа и дека никогаш во животот не би снимала филмови за возрасни.

-Тоа се случи пред една година, кога снимав едно видео.  Во видеото можеа да ми поставуваат прашања, а јас да им одговарам. Имаше прашање -кого би избрала Миа Калифа или уште една глумица од филмовите за возрасни, не се сеќавам за која беше. Требаше да одберам, а јас  ја одбрав Миа и во видеото кажувам дека ми се допаѓа нејзиниот изглед, не тоа што го работи. Ништо повеќе.  Не реков дека сакам да бидам како неа. Од тогаш луѓето си сватија дека јас сакам да бидам како неа.  Ниту сакам да бидам Миа Калифа, ниту, пак, би снимала филм за возрасни.Тоа не доаѓа во предвид, вели таа.

Не само на социјалните мрежи,  Моника предизвикува внимание и во секојдневниот живот, било каде да се појави во нејзиниот роден град Штип. Вели дека е навикната и на лоши и на добри коментари од сограѓаните, па и на оние на социјалните мрежи.

-Да, посебно од помладата генерација, постојано ме сопираат на улица, сакаат да се сликаат со мене.  Но, има и негативни коментари, ги слушам кога поминувам, но тоа воопшто не ми е гајле и затоа кога ќе поминувам не се ни свртувам на тие кои кои коментараат.  Пред една недела бев во чаршија со другарка ми и почнаа да  коментираат- еј, види ја оваа, па некакви вулгарности. Но, тоа само кажува за нив какви се.  Јас на тие не им обрнувам внимание, јас снимам за луѓето што ме сакаат и поддржуваат, другите воопшто не се битни, додава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Stanojkova (@stanojkovastar)


Снимајќи ги видеата и сликајќи се Моника вели дека станала и инфлуенсерка,   фирми посакале да им ги рекламира производите. А се почнало од досада, за време на карантинот, кога никој од нас не знаеше што да прави со себе.

-Реално почнав да снимам од досада. Пред една година беше карантин. Но, јас и од мала сум сакала да се занимавам со нешто, да бидам јавна личност. Кога видов дека ми оди продолжив да снимам, па си купив и опрема, ламби за снимање. Вложив и сега има напредок, имам понуда за реклами,сето тоа се плаќа и затоа ми е гајле кој што зборува и што мисли.  Од ова може да се живее. Моментно кај нас во Македонија Тик ток како апликација не е платена. Ама јас на Инстаграм имам околу 20.000 следбеници , таму се плаќа од прегледи, најмногу се заработува од реклами. Месечно од 1.000 до 1.500 евра, а тоа е повеќе од три просечни плати кај нас. Највеќе рекламирам козметика, но и некои креации и  Фејсбук страни што продаваат обувки, вели таа и додава дека би се снимала за реклама и во долна облека.

-Секако, тоа воопшто не ми е проблем. Јас имам видеа и слики каде сум во долна облека и затоа не ми е проблем да направам таква реклама, вели Моника.

И додека сето она што таа го прави за некого е вулгарност, за други, како и за нејзините најблиски е сосема во ред.

-Ако јас имам поддршка од моите дома и од луѓето што ми значат, другите не се важни. Моите  реално на почетокот беа против, не можам да кажам дека не биле.  Особено мајка ми. Тие се малку повозрасни и не им се јасни многу овие работи. Но, кога видоа дека многу од луѓето снимаат вакви видеа, дека сето ова што го работам се исплати и дека се што работам, работам чесно, не е ништо страшно, веќе поинаку е.  Сега имам поддршка инаку на почетокот не, особено кога излегоа сите тие шпекулации, секако дека не им беше сеедно.

Тоа за Миа Калифа излезе дека јас самата сум си го дала прекарот,  а нема врска, тоа беше само видео, а луѓето преувеличија. Ме советуваа и да ги пријавам сите што пишуваа лошо, но нема зошто, тие нека си зборуваат, бидејќи мене само повеќе следбеници ми донесоа.  Нели, секоја анти реклама е всушност реклама.  Не обрнувам внимание на никој што зборува ниту, пак, вие новинарите што пишувате. Иако мене досега ниеден новинар не ми се јавил да ме праша, само си пишуваат.  Едноставно луѓето гледаат дека јас не реагирам, па уште повеќе провоцират. Чекаат јас да кажам нешто и затоа упорно провоцираат, но нека прават што сакаат.  Јас сега работам со реклами, рекламирам прозводи веќе цела годоина и убаво ми е, објаснува Моника.

Моника во моментов поминува низ љубовни проблеми, бидејќи, пред неколку дена, вели, се разделила со дечко и  со кого била во врска две години и живееле заедно.

-Имав долга врска од две години и заедно живеевме. Но, пред една недела се разделивме. Тоа им е повод на злите јазици да коментират- ете сега немаш дечко. Сега па и  тоа ги интересира, зошто немам дечко, бидејки знеја дека имам долга врска.  Поминувам тежок период, но ќе помине. Не знам дали ќе се смириме, но е прерано за нова врска. Имам и некоја надеж дека ќе се смириме.  За него морам да кажам дека ми беше најголемата поддршка во животот. Тоа многу ми значеше особено што живеевме заедно.  Навистина имав огромна поддршка од него. Без оглед дали повторно ќе бидеме заедно или не навистина  му благодарам за сета поддршка што ми ја даде.  Во  најтешките моменти кога сите беа против мене, тој беше до мене и ме бодреше да одам напред.  И кога раскинувавме си посакавме се најубаво, тој ми посака да успеам во тоа што се трудам долго време, а сите сакаат да го стопираат. Навистина има луѓе што се против мене и не знам од која причина е таа омраза што ја носат во себе. Периодот со дечко ми  е најубав период од мојот живот и нема да го заборавам, ќе остане дел од мене. Најмногу поради поддршката, бидејќи во денешно време знаете какви се машките, а тој ме поддржуваше. Ретко кое машко ќе ме поддржи  во тоа  што го правам, бидејки имам полуголи снимки, имам фотосесии провокативни, а нашиот менталитет се знае каков е. Затоа велам дека тој секогаш беше до мене и ме поддржуваше, вели Моника.

Еден од најголемите адути и знак на распознавање на Моника се нејзините гради, како и нејзините облини. Но, таа вели дека ниту ќе ги намали градите, ниту, пак, ќе слабее.  Смешно е што некој плаќа за да има големи гради, а неа ја коментираат за нејзините природни.

-Градите ми се природни, имам корекција само на устата. Планирам корекција на градите но, само за подигање, ниту ќе ги намалувам, ниту ќе ги зголемувам уште.  Веќе стапив во контакт со клиника во Србија, но чекам малку да се олабави короната. Јас секогаш сум  била со таа килажа, иако сега поради карантините малку качив килажа. Моментално внимавам, на одржување сум.  Имам намера малку да намалам, но тоа нема да биде драстично, бидејќи јас не сум јас ако бидам многу слаба.  Одсекогаш сум имала облини.

Самата забележувам дека малку се здебелив, но пак ќе кажам, слабеењето ќе биде само да си ја вратам старата килажа, не драстично да слабеам.  Тоа го правам лчно за себе, не заради коментарите на луѓето, вели таа и додава:

-На душегрижниците би им препорачала да си го средат сопствениот живот, тоа се луѓе на кои им недостасува внимание. Не се задоволни од својот живот и едноставно имаат потреба да  го загрозуваат животот на другите луѓе што се успешни или што сакаат и се трудат да успеат во нешто. Нека ме озборуваат, јас си уживам. Мене не ми е битно туѓото мислење. Битна ми е поддршката од моите најблиски. Имам следбеници од кај нас, но и од цел Балкан.  Најлошите коментари ги добивам од наши, тука од Македонија.  Од другите екс Ју добивам позитивни коментари. Затоа сме и тука каде што сме. Има многу вулгарни кои не вреди да се споменуваат. Дури имаше и  коментар- како не умре до сега. Тоа е многу лошо и човек со здрава психа тоа никогаш не би го кажал.  Одвратни, премногу вулгарности. Но, за среќа позитивните се повеќе,  можам да кажам дека дури 80 проценти се добри. Сите од Балкан ми праќаат пораки со поддршка и тоа е супер, вели на крајот Моника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Stanojkova (@stanojkovastar)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.