ММС

Објавено на: 12/26/20 5:27 PM

Викендов облачно време, од понеделник се очекува стабилизација

Облачно време со врнежи од дожд не’ очекува во текот на утрешниот ден.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени – прогнозираат од УХМР.

Во Скопје се очекува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од понеделник и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.