ММС

Објавено на: 10/5/20 12:09 PM

Бензините поевтинуваат за денар ипол, дизелот поскапува

За денар ипол од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС-98, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 61 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 50 ден/лит, а по иста цена ќе се продава и Екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,302 ден/кг и тој сега ќе се продава за
25,968 ден/кг.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,34 проценти.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.