Полициски службеници денеска во 02:20 и 02:50 часот во Росоман лишиле од слобода двајца росоманци, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и на неговото семејство.
Како што попладнево информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.
- Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се додава во соопштението.