Адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп на својот Фејсбук профил објави дека „целосни и детални информации поврзани со предизборниот обид за разрешување на директорот од страна на градоначалникот на Општина Демир Хисар“ ќе даде во вторник пред ОВР Демир Хисар, а потоа и во просториите на СОУ „Крсте Петков Мисирков“.
-Со оглед на јавниот интерес кој го покажавте во врска со начинот на постапување на овластените службени лица при Министерството за внатрешни работи во извршување на наредбата на судијата на претходна постапка при Основен суд Битола за вршење на претрес во домот на директорот на СОУ„Крсте Петков Мисирков„ Општина Демир Хисар во вторник (12.08.2025 година“ во 09,30 часот заедно со Директорот на училиштето најпрвин ќе се јавиме на поканата за информативен разговор со директорот на училиштето во просториите на МВР-ОВР Демир Хисар, од каде по завршување на информативниот разговор ќе биде побарано од началникот на ОВР Демир Хисар во негово присуство да одиме во училиштето со цел да се констатира кој обил во просториите на училиштето на ден 08.08.2025 година, а воедно и да се расчистат спорните прашања околу законитоста во постапката за да се издејствува наредбата за претрес, односно да се потврди врз основа на чија пријава и врз основа на какви докази ОВР Демир Хисар го сторило веројатен основот за сомневање за сторено кривично дело пред ОЈО Битола врз основа на кој била издадена наредбата за претрес, информира адвокатот Жарко Стеваноски и за заблагодри за интересот во заштита на основните човекови права.