Жена почина во Охрид откако автомобил излетал жена од кружен тек и ја удрил. Несреќата се случила околу 22 часот, кога 45-годишна охриѓанка се враќала дома од работа. Таа се движела по тротоарот во близина на поранешниот „Мини Маркет“ и гимназијата, заедно со машко лице, кога одеднаш врз нив налетало возило „Фолксваген Голф“. Возачот, според првичните информации, изгубил контрола врз автомобилот и наместо да го следи правецот на кружниот тек, завршил во пешачката зона.
Жената била тешко повредена и итно префрлена во болницата „Св. Еразмо“, каде, за жал, им подлегнала на повредите.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Ристески, информираше дека увид на местото извршила полициска екипа, а јавен обвинител е веќе вклучен во истрагата. Причините за несреќата, како и евентуалната вина на возачот, сè уште се испитуваат.
– Во моментот на несреќата, покрај жената било и машко лице. Двајцата биле удрени од возилото, при што 45-годишната охриѓанка се здобила со тешки повреди на кои, за жал, им подлегнала. Тие со возило на Брзата помош биле пресени во болницата „Св. Еразмо. Другото повредно лице добил медицинска помош и доброволно ја напуштил болницата – ни изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Ристески.