Полициски службеници синоќа лишиле од слобода возач во Штип, кој управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа во 21:58 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта, соопштија од Министерството.
Како што наведуваат од МВР, возачот е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“