Вработените во Зоолошка градина во Скопје денес за време на паузата одржаа протест поради тоа што се уште ја немаат земено мартовската плата, веќе од денес остануваат и без здравствено осигурување.
-Немаме плата за март, последната ја земавме пред 45 дена. Од вчера изгубивме и здравство, има колеги кои се на боледување. Кај без пари, па и без здравство. Затоа ги замолувам надлежните што поскоро да најдат модус и што поскоро да земеме плата, за да не дојде до поголем штрајк .Си ја бараме платата.. Дали по старо или по ново ќе биде исплатена, нека одлучат надлежните. А има и суд каде ќе поднесеме претставки и ќе работиме според тоа. Излегоа шпекулации дека платата била заглавена во Градот. Не обвинуве никого, бараме што поскоро плата. Министерство за култура треба да не исплати, а не знаеме зошто. Други институции земале. Скоро 50 вработени сме. Минатата година имаше доцнење на плата, но не толку многу. Не даваме рокови, но навистина сме во незавидна состојба. Ако не земеме плата ќе се договориме за понатамошни мерки. Излеговме за да не видат, Велигден, Први мај го поминавме без плата, рече Миле Танески, претседател на синдикална организација при Зоолошка.
На ова се надоврза и негов колега кој ги посочи проблемите, кои не се само неземање плата.
-Ова не е протест, во време на пауза една порака. Зоолошка веќе подолго време е поле на политички пресметки меѓу сите политички чинители. Апелираме да ни се реши статусот, рече Мирослав Станковиќ, зоонегувател.
Според Јаким Нелков, претседател на СОНК дел од институциите нал окално ниво немаат земено плато.
-Ирелевантно е која е причината, туку суштината. Празниците ги поминаа без плата. Трпението на луево се при крај. Луѓето со бирани зборови ја кажуваат маката, но навистина веќе немаат ни здравствено осигурување. Ако не се исплатат платите најверојатно и вратите на Зоолошка ќе бидат затворени. Директорот моментално не е на работа. Денес писмено ќе бараме средба со директорот, надлежен за исплата на плата. Кој е виновен нагоре по хиерархија не не интересира. Според моите информации установитепод Град Скопје никој нема земено плата, вели Нелков.