Коце Трајановски, поранешниот пратеник и градоначалник на Град Скопје, си ја објави својата месечна нето плата во анкетниот лист што како нов директор на ЈП „Државни патишта“ го објави до Државната комисија за спречување на корупција, пишува Фактор.мк.
Трајановски месечно ќе добива 162.979 денари, односно 2.670 евра, што најверојатно го прави еден од најдоброплатените функционери во земјата и подобро платен од членовите на самата Влада.
Фактор.мк пишува дека во анкетните листови своите нето месечни плати ги објавија и Сашо Клековски и Гоце Димовски како нови директори на Фондот за здравство и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, кои ќе заработуваат по 120.000 денари месечно, односно по 2.000 евра, Месуд Јакупи директор на Агенцијата за стоковни резерви (110.000 денари) и Фејсаљ Беадини во Бирото за процена (94.216 денари).
Целиот текст прочитајте го ТУКА