Јужна Европа и Балкан се на удар на топлотен бран и многу високи температури. Во наредните денови времето ќе биде уште потопло, пренесува еспресо.рс.
Оваа топлина стигнува поради влијанието на термичкиот висок гребен и многу изразената југозападна висока струја. Сето ова дополнително беше засилено со влијанието на циклонот со центар над југозападна Европа.
Zrak koji ovih dana pritječe nad Hrvatsku ne donosi samo vrućinu 🥵, nego i pijesak, kojeg će osobito biti u petak, a već jutros se mogao uočiti na satelitskim snimkama.
Više na https://t.co/7tElXxnRUV.
🛰️Eumetsat#toplinskival #prognoza pic.twitter.com/debMmTQDYN
— DHMZ (@DHMZ_HR) June 19, 2024
Поради тоа, под влијание на оваа синоптичка ситуација, времето во наредните денови на Апенинскиот и Балканскиот полуостров ќе биде ведро и топло, со температура до 40°С.
Покрај топлата воздушна маса, огромни количества честички од пустински песок и прашина од Сахара ќе стигнат до Европа од северот на Африка преку западниот и централниот Медитеран.
Главниот пат на овој облак од песок и прашина ќе биде од Алжир преку западната половина на Медитеранот, Мајорка, Сардинија, Сицилија и Корзика сè до северот на Италија, Алпите, југот и истокот на Франција, југот на Германија, а потоа овој „облак“ ќе ја покрие цела централна и јужна Европа.
Кога станува збор за Балкан значително повеќе песок се очекува во атмосферата над Јадранското Море.
Со оглед на тоа што во наредните денови ќе има многу песок и прашина од Сахара, атмосферата ќе биде многу облачна, а она што ќе биде видливо е дека темно синото небо нема да да биде целосно сино, а во подрачја со врнежи се очекува нечист дожд со честички.