Пртседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пријавила во полиција дека на нејзиното гаражно место, во подземна гаража на зграда во Центар, пронашла импровизиран кревет и кујнски нож.
Од МВР го потврди случајот, за кој додаде и дека е известен е јавен обвинител.
– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.