Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати, се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели, информираат од УМС на ВМРО ДПМНЕ, кои поствија кутија за донации пред зградата на МНР.
-Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8-ми мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави. Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, поставивме кутија за донации пред Министерството за надворешни работи, за што испраќаме апел до сите македонски граѓани да донираат.
-Ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин. Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани. Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60 илјади денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата, велат од УМС.
Но, тие не се единствените кои понудија донација на министерот за да може да го преживее месецот.
Политичкиот аналитичар Ивор Мицкоски на Фејсбук напиша:
-Полошо од пасив-агресивот на Вучиќ е овој плачипичкарски наратив на Бујар кој пред камери глумата прво напади, заговори и албанофобија, а сега и сиромаштија. Па како не ти е срам, со таа лажна шишка пред сиромашен и погазен народ да продаваш вакви патетики. Професорите од УКИМ немаат земено јануарска плата, ти ќе си се задолжувал ако не земеш плата, притоа зголемена за 80%. 600.000 луѓе живеаат на ивица на сиромаштија, а вие украдовте, изедовте или изгрицкавте милијарди евра од овој народ. Овакви идиоти треба тотално медиумски да се игнорираат, нпиша тој.
Со наслов „Од срце за Бујар“ Кире Михаилов направил кутија за донации во која со солзи става 100 денари.
На социјалните мрежи за Османи се нуди и храна, но и совети, ако не може да го преживее месецот, да подигне брз кредит, но и дека ова е понижување на луѓето.
Османи во елевизиско гостување изјави дека „треба да се позајмува ако на први во месецот не му стигне платата на време“. А Османи месечно заработува министерска плата од околу 2.000 евра, но според објавите во некои медиуми толку заработува и неговата сопруга, вработена во државна фирма со високи плати.