Како личност и како премиер споделувам став дека личните документи на граѓаните треба да им ги издаваме без надоместок, затоа што луѓето веќе еднаш ги имаат платено, вели во денешното гостување на Канал 77 премиерот Талат Џафери.
- Зошто не се издаваат соодветни документи од страна на државата има причини, како процедури за набавка, процедури за изработка на формулари, на обрасци, икс причини кои доведоа до тука. Се прават анализи пред да се излезе со конечно решение, мора да се направат и финансиски конструкции колку сето тоа би чинело, потенцира Џафери.
Нагласува дека не е на одмет да се размисли дека Буџетот на државата е од парите на граѓаните, но веќе не се работи само за размислувања туку колку државата е подготвена за спроведување во пракса на ваквите предлози.
- Не Талат, било кој и да е премиер не може да го реши проблемот за два дена. Но на дневна основа се даваат задачи за решавање на проблемот. Дадена е обврска на ДКПата да се зголеми бројот на луѓе таму, да има дежурни лица по аеродромите, на самиот аеродром да се издаваат патни листови, ако е итно. Нема нерешливи прашања само гтреба да се размисли, дециден е Џафери.
Целосниот разговор со актуелниот премиер Талат Џафери следете го во најновото издание на “Стадион” на линкот подолу.