Владата да продолжи да ги подржува и да посредува меѓу компаниите и здруженијата, со цел уште повисоки цени за тутунот при откупот на овогодинешната реколта, очекуваат тутунопроизводителите во земјава.
Иса Имеровски, тутунопроизводител од село Дебрештане, вели дека состојбите во тутунопроизводството се доста сменети на подобро во последниве години.
Откупот на суров тутун од реколтата 2016 бил со просечна откупна цена од 196,83 денари за килограм, додека минатата година откупната цена беше 288,09 денари од килограм, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерот Љупчо Николовски најави дека во 2024 година Владата 100 отсто ќе ја покрие зелената нафта за земјоделците во кои ќе бидат вклучени и тутунопроизводителите, што значитечно ќе ја зголеми нивната добивка, како дел од мерките за тутунарите.
- Во 2024 година ќе обезбедиме и зелена нафта за тутунарите со 100 отсто поддршка за зелената нафта. Ова е наменска мерка која дава резулта – изјави министерот Николовски.
Мерката за зелена нафта почна пред четири години кога се покриваа 30 отсто, минатата година поддршката достигна 50 отсто, а од следната ќе се покриваат 100 отсто, додава Николовски.
Договореното производство на тутун во 2023 година е зголемено за околу 9 отсто во споредба со реколтата од 2022 година, пред се поради зголемување на површините со тутун за околу 85 хектари. Бројот на склучени договори е исто така зголемен за 1.192, што е за околу 4 отсто, соопштуваат од ресорното министерство.
Според сумираните податоци внесени во електронскиот систем за евиденција на тутун ИСЕТ со состојба од 28.04.2023 година од страна на регистрираните откупувачи на тутун, годинава се очекува производство на околу 26.504 тони суров тутун во лист, што претставува зголемување за околу 2.400 тони во однос на договорените количини од реколта 2022 година кога изнесувало 24.098 тони.
- Моите 40 години, сиот мој живот го поминав со тутун. Тоа што ние бараме од Владата е да ни најдат заеднички јазик со компаниите и здруженијата за да им го предадеме тутунот бидејќи имаме обврски кон државата. Да си платиме тие обврски и да ги го предадеме тутунот како и до сега, вели Муамер Дураковски.
Состојбите во тутунопроизводството се доста сменети на подобро во последниве години, вели Иса Имеровски, тутунопроизводител од село Дебрештане.
- Пред 2017 година додека ние чекавме во тутунските компании на минусни температури од -10 и спиевме тука за да можеме да го предадеме тутунот, ценачите од компаниите ни ги земаа парите, и не уценуваа на сметка на нашата макотрпна работа. Од минатата година откупот на тутунот е во подобра ситуација. Лани се откупи по брза постпака и по добри услови. Годинава ние не бараме ништо повеќе од тоа. Бараме истото како лани да се повтори и оваа година со минимално покачување од 20 до 30 отсто – вели Имеровски.
Одамна заврши времето на уцени и притисоци врз тутунарите, сега секоја откупна сезона е подобра од претходната.
Владата предводена од СДСМ стави крај на уцените и притисоците врз тутунарите. Денеска тутунарите од прилепско бележат рекордни откупни цени, а за 2024 година добиваат 100% поддршка за зелената нафта, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.