Документарните филмови Приказни од Атос, Илјада години историја на Света Гора и Хиландарскиот имот, се на денешната програма на осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“.
Проекцијата на филмовите, на Балкан трип продукција од Србија, е вечер во 21 часот на линкот https://www.youtube.com/watch?v=fCReoU2N4pg.
Фестивалската програма продолжува утре со Манастир Сурпателе, документарен романски филм за историјата на манастирот, на ТВ Тринитас, Романија, во 20.30 часот на линкот https://youtu.be/bX81LfFUalM ,по што следува Ембрион на ренесансата документарен филм за фрескоживописот во Македонија, Лавиринт, Македонија, 21.30 часот на линкот https://youtu.be/bjYLshBIdnE.
На 29 ноември ќе бидат прикажани Свети Јован Шангајски, документарен руски филм, портрет на рускиот Светител, Неофит продукција, Русија, во 21.00 часот линкот https://youtu.be/GgOBSZJGz4A и Мајка Храброст – Живот за Никола, сторија за болна бремена мајка која го жртвува својот живот за да се роди нејзиното дете Никола, РТС, во 21.30 часот на линкот https://youtu.be/rcNob-fLlB0
На 30 ноември на програмата е Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош на романски ТВ Тринитас што ќе се емитува во 21 часот на линкот https://www.youtube.com/watch?v=7YErnMPWy-s , а на 1 декември рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски, со кој се затвора фестивалот со проекцијата на линкот https://youtu.be/2rGfUqNBhmA со почеток во 21 часот.
„Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во организација на скопската продукциска куќа Топ Ворлд.
Детали за Фестивалот се достапни на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/festivalbogorodicenpokrov
МИА