Уште пред три недели Васко Ковачевски ја депонирал својата оставка, додека Владата веќе нашла негов наследник во ЕСМ. Според информациите, Васко Стефанов, поранешниот директор на АД Пошти на Северна Македонија, доаѓа на чело на ЕСМ.
Стефанов доаѓа од огранокот на СДСМ во Неготино, работел како претседател на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, заменик директор во Агенцијата за вработување, директор на Водостопанство и последната функција во Пошти, пред назначувањето на Бујаре Абази на директорското место по коалициската смена во Владата.
Васко Ковачевски во гостувањето во Стадион на Канал 77 рече дека самиот ќе си поднесе оставка доколку ЕСМ не успее да ги произведе сите потреби од електрична енергија.
Според најавите, на заедничка прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски денеска во 13.30 часот ќе биде презентиран извештајот на ЕСМ за 2022 година. Извештајот се чини, ќе биде во сенка на оставката на Ковачевски.