Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил напиша дека од гликемија 19 не се умира акутно, мислејќи на смртта на малата Јана од битолското село Кравари, која под се уште неразјаснети околности, почина вчера во Битолската кличничка полница, додека примала инфузија.
По статусот на д-р Лазаров на Фејсбук, под неговиот статус се разви неформална дискусија меѓу лекари за тоа – дали се умира од оваа состојба или не?
И додека се чека резултат од обдукцијата повеќе лекари дадоа свои претпостави за тоа што можело да предизвика смрт кај малата Јана.
Според нивните коментирања најверојатно се направени низа пропусти, поради кои претпоставуваат дека настанале фатални компликации.
-Зависи како е третирана хипергликемијата колега… до сега шпекулациите се дека е дадена гликоза, па даден инсулин, без готов електролитен статус, ацидобазен статус… брзо настапил кардиак арест штом анестезиолози правеле реанимација, коментира една докторка од внатрешноста.
-Не се умира од гликемија, но се умира од кетоацидоза. Тешка загуба за родителите, но компликација на хипергликемија во детска возраст, акутна состојба каде се јавува и инсулинска резистенција има ваква компликација, вели друга.
Д-р Лазаров прво што помислил е дека можеби станува збор за дијабетски хиперосмоларен синдром, но неговите колеги велат дека тоа се ургентни состојби во детската возраст кои може да завршат со егзитус, однопсно смрт.
Во коментарите на објавата на д-р Лазаров не може, а да не се забележи дека повеќето од нив се сомневаат и во резултатите на обдукцијата. Нивните претпоставки се дека на крајот „родителите ќе испаднат виновни“, бидејќи не веруваат во нашиот систем.