Полициски службеници денеска пронашле 238 штеки цигари, тутун и други предмети.
Како што информира МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица на место викано „Вршник Бара“ денеска во 4:00 часот забележале две лица на меѓуграничниот простор, кои носеле торба и неколку ќеси.
Лицата ги оставиле торбата и ќесите, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...