Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 е регистриран денеска во 09 часот и 54 минути во Скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходно, Европскиот медитерански сеиозмолошки центар објави дека земјотресот бил на тримеѓето Северна Македонија-Косово-Србија на длабочина од пет километри.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...