Полицијата ноќеска уапси дебарчанец, крај угостителски објект во Жеровјане, кој со себе носел 42 пакувања кокаин.
-На 21.07.2023 од 01.00 до 02.30 часот на паркинг простор зад угостителски објект во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот А.Х. од Дебар, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...