Македонски Медиа Сервис(ММС) е трговско друштво одновано 2008година. Основна дејност на Македонски Медиа Сервис е продукција на мултимедијални содржини, кои се објавуваат преку основниот информативен портал www.mms.mk.Овие содржини се наменети за широката публика (B2P) и медиумите кои ќе користат сервис(B2B).
Македонски Медиа Сервис е ќерка фирма на ГБЦ Комуникации како и националното радио Канал 77
Македонски Медиа Сервис распишува оглас за вработуање на едно лице за следната работна позиција:
Новинар со работно искуство за работа во Штип или Скопје,
- Кандидатот треба да има познавање на медиуми, ИТ и талент за пишување на новинарски стории и истражувачко новинарство;
- Предност имаат лица со претходно работно искуство во медиуми и лица со возачка Б категорија;
- работно искуство во медиуми и лица со возачка Б категорија.
Огласот е отворен до 20.12.2020. Доколку сте заинтересирани, Ве замолуваме Вашите податоци и CV да ги испратитена следниов мејл vrabotuvanje@mms.mk
Македонски Медиа Сервис(ММС) е трговско друштво одновано 2008година. Основна дејност на Македонски Медиа Сервис е продукција на мултимедијални содржини, кои се објавуваат преку основниот информативен портал www.mms.mk.Овие содржини се наменети за широката публика (B2P) и медиумите кои ќе користат сервис(B2B).
Македонски Медиа Сервис е ќерка фирма на ГБЦ Комуникации како и националното радио Канал 77.
Врз основа на одредбите од Законот за практикантство, член 4 (Службен весник на РСМ бр.98/19) и Програмата на Македонски Медиа Сервис (ММС), се објавува следниов:
Ј А В Е Н О Г Л А С
Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ Штип има потреба од 1 (едно лице), практикант, во следниве области:
– Практикант за ИТ – веб администратор;
– Новинар; и
– Маркетинг, промоција и продажба.
Се известуваат сите заинтересирани лица до 34 години, кои сакаат да станат дел од нашата компанија да се пријават на овој повик за практиканти со поднесување свое CV на меил vrabotuvanje@mms.mk или во просториите на ММС кои се наоѓаат на ул.5-та Партиска Конференција бр.32А, поточно во Мултимедијален Центар Канал 77, нас. Сењак.
Услови кои треба да ги исполнуваат се:
- да не е во работен однос, односно да е со статус невработено лице, пријавено во Агенцијата за вработување;
- да не е постар од 34 години;
- да не обавуваат практична обука во друга компанија или јавна институција;
- да имаат најмалку основно образование.
Практикантот при тоа ќе добие:
- ќе се стекне со практична обука во траење од 3 месеца или 6 месеца;
- по завршување на практичната обука ќе му се издаде Потврда;
- не го губи статусот на невработено лице, но ќе биде пријавено во Агенцијата за вработување како практикант;
Условите, правата и обврските ќе бидат утврдени со Договор, кој ќе биди склучен помеѓу практикантот и ММС, согласно Програмата на ММС.
Македонски Медиа Сервис ДООЕЛ Штип
Штип, 04.02.2020 година Управител Горан Гаврилов