Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.

-Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола. Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.